Достапни линкови

logo-print

Средба на Малала и пакистанскиот премиер во Осло


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф и добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусуфзаи која е од Пакистан, денеска за првпат се сретнаа во Осло, каде учествуваат на Самитот на ОН посветен на образованието. Малала која сега има 17 години, во 2012 беше застрелала во главата од талибанци, затоа што инсистираше на правото на образование за девојчињата. Таа изјави дека Шариф и пренел оти државата ја поддржува во нејзината одлука да го посети Пакистан. По нападот Малала се пресели во Британија, но Шариф и рекол дека Пакистан, секогаш ќе биде тука за неа. Таа му одговорила дека нејзината одговорност како Пакистанка, е да се врати во земјата и да им помогне на луѓето таму. Тие исто така разговарале за образовниот систем во земјата, искористувањето на детскиот труд и присилувањето на детски бракови.

XS
SM
MD
LG