Достапни линкови

Путин пристигна на Самитот на БРИКС


Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Уфа, главниот град на руската република Башкортостан, на Самитот на групата БРИKС и Шангајската организација за соработка. Тој денеска ќе има билатерални средби со лидерите на Кина, Белорусија, Индија, Таџикистан и Јужнa Африка. А и за утре се предвидени средби со лидери, меѓу кои и со претседателот на Иран Хасан Рохани. Според планираното, тие ќе разговараат за иранската нуклеарна програма, но и за трговската соработка и за воената технологија.

XS
SM
MD
LG