Достапни линкови

logo-print

Ципрас ќе достави нови предлози


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска најави дека Атина утре ќе претстави конкретни предлози до своите доверители. Ципрас ова го изјави пред европратениците во Стразбур, каде повеќе од три часа се водеше расправа за ситуацијата во Грција. За в недела е закажан нов самит на ЕУ каде ќе треба да се донесе одлука за тоа дали ќе продолжи програмата на помош за Грција.

Претходно еврокомесарот за економија Пјер Московичи, рече дека Брисел се уште чека на сет на реформи од Атина, кој ќе и овозможи на Грција да остане во еврозоната.

XS
SM
MD
LG