Достапни линкови

Македонија ќе бара екстрадиција на уапсениот Османи


Гошинце.

Гошинце.

Косовските власти го известиле македонското Министерствтото за внатрешни работи дека е приведен Сулејман Османи од село Брест, за кого МВР имаше издадено меѓународна потерница распишана преку Интерпол. Како што соопшти денеска МВР, тој бил дел од групата која учествуваше во нападот во кумановската Дива населба на 09 мај, но успеал да и побегне на полицијата. Тој е осомничен за кривично дело „тероризам“, а постојат сомненија дека учествувал и во нападот на Полициската станица Гошинце. Османи е во притвор во Косово, а МВР согласно законските одредби ќе го информира Министерството за правда на РМ за започнување на екстрадициската постапка.

XS
SM
MD
LG