Достапни линкови

logo-print

Вучиќ ќе оди во Сребреница на 11 јули


Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека владата едногласно решила тој да ја претставува Србија во Сребреница на 11 јули, на 20-годишнината од масакрот во овој град во БиХ, кога беа убиени неколку илјади муслимани. На вонредната прес конференција синоќа пред полноќ, Вучиќ рече дека Србите имаат обврска да бидат сериозни и да покажат почит спрема другите жртви, затоа што така и тие ќе почнеле да ги почитуваат нивните.

Тој исто така истакна дека добил гаранција оти Резолуцијата за Сребреница во ОН нема да биде усвоена ако не бидат направени измени во текстот. Тој изрази благодарност до Русија, Кина и други земји кои им помогнале во овој процес. Според Вучиќ, Резолуцијата немала содржина на помирување, а тоа можат да го сторат само Србите и Бошњаците кои живеат на тие простори.

XS
SM
MD
LG