Достапни линкови

logo-print

ЕУ и даде на Грција 5 дена за избегнување банкрот


Грција има пет дена да избегне банкрот, е заклучокот од итниот самит на европските лидери свикан со цел да се најде финансиски спас за Грција. По денот минат во преговори во Брисел, кои имаа за цел да се изнајде решение по повеќемесечнот ќорсокак кога е во прашање грчката иднина, европските лидери ги отфрлија грчките предлози нарекувајќи ги несоодветни и побараа официјална Атина да се врати со детален предлог до петок изутрина. Лидерите на сите 28 земји членки на ЕУ, според планираното, ќе се сретнат в недела кога ќе биде одлучено дали ќе се даде последна шанса на спасувањето на грчката економија.

Европските лидери изразија силно негодување бидејќи грчките власти понудиле само усни предлози, наместо да понудат детален пишан документ во кој ќе бидат опфатени сите теми околу грчката должничка криза, а кои се предмет на загриженост кај европските партнери. Претседателот на европскиот совет Доналд Туск изјави дека досега избегнувал да зборува за крајни рокови, но оти сега мора да каже јасно и гласно- крајниот рок изминува на крајот од оваа недела.

XS
SM
MD
LG