Достапни линкови

Меркел ја почнува балканската турнеја


Со посетата на Тирана, германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува балканската турнеја, во чии рамки ќе престојува и во Србија и Босна и Херцеговина. Албанската полиција вчера ги објави мерките кои ги презема за гарантирање на редот и безбедноста за посетата на Меркел. Преземени се идентични мерки како и за посетата на Папата Франциско на 22 септември лани, како и на српскиот премиер Александар Вучиќ на 27 и 28 мај годинава. Тоа значи дека за безбедноста ќе се грижат над 1.500 полициски службеници од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола ќе биде надлетувана од полициски хеликоптери. Ќе биде запрен сообраќајот низ неколку улици, како и паркирање возила на многу улици низ градот.

Меркел и нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама ќе имаат заедничка прес конференција, а и двајцата ќе се обратат на германско- албанскиот економски форум. Канцеларката Меркел ќе има одвоена средба и со шефот на албанската држава Бујар Нишани.

Вечер Меркел ќе отпатува за Белград, каде што исто така е најавено дека безбедносните мерки ќе бидат подигнати на највисоко ниво.

XS
SM
MD
LG