Достапни линкови

Петиција за спас на Охридското Езеро и Галичица


Поглед на Охридско Езеро од планината Галичица.

Поглед на Охридско Езеро од планината Галичица.

Екологисти од Македонија бараат меѓународна помош за да се запре со плановите на владата, кои, според нив, ќе одведат до уништување на Охридско Езеро и Галичица.

Неколку невладини организации и еколошки здруженија покренаа меѓународна петиција со цел заштита на Охридското Езеро и планината Галичица, од, како што велат, предвидените владини проекти во овој регион.

Несфатливо е како Владата на Република Македонија одлучи да продолжи со овие апсурдни планови и покрај експлицитните предупредувања на експертите кои учествуваа во проценките за влијанието врз животната средина.

Принудени сме да ја повикаме меѓународната јавност на помош за спас на опстанокот на езерото и блискиот Национален парк против најновите планови на македонската влада за промени на Планот за управување со Националниот Парк Галичица и на урбанистичките планови за Охрид и брегот на Охридското Езеро, изјави Александра Бујароска од Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42.

Свети Наум.

Свети Наум.

„Несфатливо е како Владата на Република Македонија одлучи да продолжи со овие апсурдни планови и покрај експлицитните предупредувања на експертите кои учествуваа во проценките за влијанието врз животната средина. Истите многу јасно укажаа дека реализацијата на овие проекти ќе има неповратно негативно влијание врз Националниот парк и врз Охридско езеро и истите не можат да бидат компензирани, изјави Бујароска.

Во петицијата се наведува дека споменатите планови меѓу другото вклучуваат: Сушење на Студенчишко Блато со цел изградба на комплекс објекти на самиот брег, поништување на заштитата на голем недопрен див дел од езерото и загрозување на најважните извори кај Св. Наум кои го снабдуваат езерото со вода, со цел изградбатуристички комплекси, поништување на заштитата на дел од Националниот парк Галичица со цел изградба на автопат од 14 км, за што ќе се уништат 50 хектари заштитено подрачје од Националниот Парк, поништување на заштитата на голем дел од Националниот Парк со цел изградба на ски-комплекс од 400 хектари, се вели во дел од петицијата.

Бујароска вели дека петицијата ќе може да се потпишува до октомври по електронски пат и истата на крајот ќе биде испратена до Владата на Македонија и Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Вели дека за актуелната ситуација го запознале и УНЕСКО.

„Ако се импелемнтираат овие проекти ќе значи губење на природно наследство од светско значење. УНЕСКО и меѓународната заедница во однос на заштита на природа се информирани за тоа што сега се случува. Тие чекаат од страна на Владата да им се испратат сите студии кои веќе се изготвени за проектите, а кои укажуваат на негативното влијание и неможноста од компензаторни мерки, а потоа очекуваме и УНЕСКО да се вклучи во самото одлучување“, вели Бујароска.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека Охридското Езеро е природна реткост во целиот свет.

„За значењето на Охридското Езеро доволно зборува и податокот дека НАСА пред 4 години, еден од резервоарите кои е пронајден во планетарниот систем го нарекува според Охридското Езеро. Охридското Езеро е бренд неодвоив од градот Охрид, но и од сите градови кои се наоѓаат распослани на Охридското Езеро и е нешто кое не задолжува на сите нас граѓаните кое живееме на ова езеро, вели Бакрачески.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG