Достапни линкови

Обид за преговори меѓу Авганистан и Талибанците


Авганистанската владата испрати делегација во Пакистан во последен обид да се започне со мировни преговори со Талибанците. Авганистанските власти велат дека заменик министерот за надворешни работи на Авганистан Хекмат Калил Карзаи и претставникот на Талибанците Мула Џалил се во Исламабад за да разговараат за мир и помирување во Авганистан. Средбата може да биде чекор кон започнување на формален мировниот процес. Разговорите доаѓаат во време кога офанзивата на Талибанците е во полн замав. Денеска Талибанците извршиле два напади во Кабул.

XS
SM
MD
LG