Достапни линкови

Малала - Осум дена воени трошоци за цела година образование


Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусуфзаи денеска ги повика светските лидери да скратат „осум дена воени трошоци“ за да овозможат пристап до бесплатно образование за сите деца во светот. Според проценките на нејзината непрофитна организација „Фондација Малала“, за финансирање на образованието годишно ќе бидат потребни околу 39 милијарди долари.

Зборувајќи на Самитот за образование на ОН во Осло, Малала денеска рече дека 39 милијарди долари се воените трошоци за само осум дена. Малала, која треба да наполни 18 години на 12 јули, минатиот месец се сретна со претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким со кого разговараше за официјалниот пакет за Целите за одржлив развој што треба да биде објавен оваа година. Малала денеска рече дека „со овие цели, средното образование ќе биде обезбедено“.

XS
SM
MD
LG