Достапни линкови

Јемен - 176 загинати во воздушни напади и борби


Најмалку 176 борци и цивили загинале денеска како резултат на воздушните напади и борбите во Јемен. Ова е највисок број на загинати во еден ден откако започна офанзивата пред три месеци. Насилството се случува и покрај напорите да се врати довербата меѓу Хути борците и владата која е во егзил во Саудиска Арабија.

Обединетите нации се залагаат за запирање на воздушните напади и борбите што започнаа на 26 март.

Околу 3.000 луѓе се убиени откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна акција за да ги спречи Хути борците да заземат територии од Јемен. Хути борците велат дека се борат против корумпираната влада, а останатите борци дека ги бранат своите домови од упади на Хути борците. Саудиска Арабија пак вели дека ги бомбардира Хути борците за да ја заштити државата Јемен.

XS
SM
MD
LG