Достапни линкови

Хан - битно е Грција да остане во еврозоната


Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска изјави дека Грција треба да се задржи во Еврогрупата и уверен е дека се ќе се стори за така и да биде.

Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, Хан подвлече дека „европските пријатели ќе сторат се за Грција да ја задржат во Еврогрупата“.

Истовремено, тој порача дека сега е битен квалитетот на предлогот што грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им го предаде на партнерите во преговорите.

XS
SM
MD
LG