Достапни линкови

Итен самит на еврозоната за Грција


Лидерите на еврозоната денеска во Брисел ќе одржат итен самит на кој ќе дискутираат за ситуацијата во Грција по референдумот на кој граѓаните на оваа земја го отфрлија предлогот на меѓународните кредитори.

Вратата е отворена за разговор, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по итниот разговор во Париз со германската канцеларка Ангела Меркел, еден ден по грчкиот референдум. Сега владата на Алексис Ципрас треба да направи сериозни и кредибилни предлози со што подготвеноста за останување во еврозоната ќе ја претвори во трајна програма, рече Оланд.

Од своја страна, Меркел изјави дека условите за новиот грчки спасувачки пакет „се уште не се исполнети." „Тоа е причината зошто ние сега чекаме многу прецизни предлози од грчкиот премиер, програма која ќе и овозможи на Грција да се врати во просперитет", рече Меркел, додавајќи дека земјите од еврозоната веќе покажале „многу солидарност со Грција".

XS
SM
MD
LG