Достапни линкови

logo-print

Амнести: балканските земји ги малтретираат мигрантите


Амнести Интернешнел во најновиот извештај објавен денеска, ги обвини балканските држави за малтретирање на мигрантите кои минуваат преку нивните територии на патот кон ЕУ, наведувајќи дека е „срамно да се изневерат“ луѓе кои бегаат од војна. Илјадници бегалци, баратели на азил и мигранти, вклучувајќи и деца, кои преземаат опасни патувања преку Балканот, доживуваат насилни злоупотреби и уцени од страна на властите и криминалните банди, се вели во извештајот на организацијата за човекови права. Мигрантите кои бегаат од војна, сиромаштија и прогон се срамно запоставени од лошиот систем за азил и миграција на ЕУ, кој ги остава заробени без заштита во Србија и Македонија, се додава во извештајот.

Со порастот на бројот на загрозени бегалци, баратели на азил и мигранти во „ничија земја“ на Балканот, притисоците врз Србија и Македонија се зголемуваат, изјави Гори ван Гулик, заменик-директор на Амнести за Европа и централна Азија. Тој истакна дека Србија и Македонија мора да направат повеќе за почитување на правата на мигрантите и бегалците.

XS
SM
MD
LG