Достапни линкови

Кумановци на одмор во Грција, Охрид им е скап


Кумановци, барем оние што планираат да летуваат, едногласно велат дека се одлучуваат за Грција или Турција, бидејќи во нашите летувалишта им било скапо.

Иако започна времето на годишните одмори, во Куманово сè уште не се забележува големо отсуство на граѓаните. Фреквенцијата на возила и граѓани не укажува на летна сезона, а оние што веќе го искористиле годишниот одмор велат дека биле во Грција. И тие, како и оние што планираат да летуваат, едногласно велат дека се одлучуваат за Грција или Турција, бидејќи во нашите летувалишта, како Охрид или Дојран, цените се високи.

Грција дефинитивно, затоа што е многу блиску, а Охрид, не дека не го сакаме, туку многу е скап. Кога ќе се споредат цените на пијалаците, подобро е да одам на море.
анкетиран граѓанин.

Кумановци за летување најчесто ги користат туристичките аранжмани на туристичките агенции, поради поволностите што тие ги нудат.

Еве што велат запрашаните граѓани:

„Уште не сме одлучиле, но Турција или Грција. Во Грција ако одиме приватно ќе биде, а во Турција преку агенција сигурно. Крајот на август.“

„Не знам кога и каде,ама планираме.“

„Седнеш во автомобил и одиш. Приватно.“

„Сега за сега не знаеме, има време. Здравје. Сè е можно или за една недела да тргнеме или воопшто да не заминеме. Доколку одиме во Грција и тоа агенциски. Не мислам ниту на стан, ниту за превоз. Две последни години одиме агенциски. И еве ќе кажам, Грција дефинитивно, затоа што е многу блиску, а Охрид, не дека не го сакаме, туку многу е скап. Кога ќе се споредат цените на пијалаците, подобро е да одам на море“, велат анкетираните.

За летување во Охрид кумановци забележуваат дека цените се пресудни.

„Нашите сакаат цените да се високи. Во Охрид никако, додека нешто не се смени, цените за нашиот стандард не одговараат. Море си е море, не може така. Мора да се смени и да се среди нешто. За тие 600-700 евра подобро да одам на море“, вели еден кумановец.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG