Достапни линкови

Русија ги отфрли барањата на Савченко


Руското Обвинителство го отфрли барањето на украинската пилотка Надја Савченко кој е во затвор во Русија да и се суди со порота и процесот да се одвива во Москва, наместо во Воронеж, градот каде што е затворена.

Од одбраната на Савченко, минатата недела изјавија дека прелиминарното сослушување може да се одржи кон крајот на јули или почетокот на август.

Савченко е во затвор во Русија од јули 2014 година. Таа е обвинета за соучество во убиството на двајца руски новинари кои го покривале конфликтот во Украина, како и за нелегално преминување на границата. Савченко ги негира обвинувањата. Западните земји и Киев постојано повикуваат Русија да ја ослободи.

XS
SM
MD
LG