Достапни линкови

Надзорот над прислушувањето - натпревар без еден играч


Собраниската комисија која треба да го надгледува прислушувањето со технички пречки и непотполн состав си донесе деловник. Некои пратеници ја оспорија релевантноста на Комисијата.

Во отсуство на опозицијата и со претседавач од ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за надзор на посебните истражни мерки на својата прва седница го изгласа предлог деловникот за работа со два гласа „за“ и еден „против“. До ова дојде иако имаше барања да се размисли дали ова е момент кога Комисијата треба да почне со работа, со оглед дека политичките преговори за излез од кризата се во тек.

Не може Комисија во која е одредено опозицијата да претседава, но која еве не е присутна да претседава, но и мнозинството гласови треба да дојдат од опозицијата, а ДПА ја нема. Значи станува збор за тоа дека ќе се води фудбалски натпревар без еден тим и ние ќе си даваме голови еден на друг.
Солза Грчева, пратеник.

Пратеничката Солза Грчева оцени дека доколку Комисијата по секоја цена има намера да носи заклучоци во наредниот период тоа ќе ги направи нелегитимни. Комисијата може да започне со некои процеси, но заклучоците нема да бидат релевантни се до пополнувањето на местата претседател и заменик претседател, кои треба да бидат од опозицијата, смета Грчева.

„Не може Комисија во која е одредено опозицијата да претседава, но која еве не е присутна да претседава, но и мнозинството гласови треба да дојдат од опозицијата, а ДПА ја нема. Значи станува збор за тоа дека ќе се води фудбалски натпревар без еден тим и ние ќе си даваме голови еден на друг“, изјави Солза Грчева, пратеник.

Во ова тело треба да има професионален и непристрасен начин на работа. Околу тоа дали ќе биде формалност или не зависи од сите нас кои денеска сме присутни на седницата.
Павле Саздов, ВМРО-ДПМНЕ.

Таа исто така упати забелешки дека Комисијата работи под менторство на претседавач на комисијата, но дека таков статус нема во деловникот. Грчева потсети дека и претседавачот на комисијата е од власта, а не од редовите на опозицијата. Таа ја праша Комисијата како ќе врши надзор над ПИ-мерките без опозиција, особена ако во извештајот на Прибе главната забелешка е окупираноста на институциите.

„Суштината на работата е дека нема опозиција. Како ќе се контролираат државни институции за кои во извештајот на Прибе стои дека имаме недвоеност на партијата и власта од државните институции. Ова е политичко прашање кое бара политички одговор. Исто така еве не постои опозиција, но како ќе претседава ВМРО-ДПМНЕ. Како е можно?“.

Претседавачот на комисијата Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека дали работата на Комисијата ќе се сведе на формалност зависи од тоа колку пратениците ќе ја стават политиката настрана и во наредниот период ќе ги детектираат недостатоците во извештајот на Прибе.

„Во ова тело треба да има професионален и непристрасен начин на работа. Околу тоа дали ќе биде формалност или не зависи од сите нас кои денеска сме присутни на седницата.“

Талат Џафери од ДУИ укажа дека пред работата на Комисијата стојат бројни технички пречки и дека неусогласеноста на легислативата во однос на делокругот на работа на оваа Комисија треба час поскоро да се поправи. Тој предложи во наредниот период законската рамка да се разгледа во детали, а во врска со суштинските недостаток дека Комисијата ја нема најголемата опозиција, Џафери коментираше дека отсуството на опозицијата од Парламентот е политичка одлука на СДСМ, а дали е таа добра или не, на избори ќе оценеле граѓаните.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG