Достапни линкови

Иванов: Да се најде решение за грчата криза


Претседателот Ѓорге Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот референдум во Грција на прес-конференција во Загреб рече дека очекува состојбата во Грција да се стабилизира, затоа што сите земји во регионот се меѓусебно поврзани и тие состојбите влијаат од една во друга земја.

„Посакуваме да се најде решение и конечно грчкиот народда поче да живее нормален живот“, истакна Иванов.

Народната банка на РМ, како што посочи, е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција.

Хрватската претседателка Колинда Грабер Китаровиќ се воздржа од какви било коментари за првите резултати од референдумот во Грција, и порача да се почекаат конечните резултати.

XS
SM
MD
LG