Достапни линкови

Ципрас телефонски разговарал со Меркел и со Путин


Грчкиот премиер Алексис Ципрас кусо ја прекинал средбата со грчкиот претседател и лидерите на поголемите политички партии, за телефонски да разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Како што јави дописникот на МИА од Атина, детали за содржината на разговорот засега не се соопштуваат.

Денеска Ципрас телефонски разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот претседател изразил поддршка за грчкиот народ во надминување на проблемите со кои се соочува земјата. Путин и Ципрас разговарале за резултатите од реферндумот во Грција и за некои прашања за натамошен развој на руско-грчката соработка.

XS
SM
MD
LG