Достапни линкови

logo-print

Унгарија одобри подигање ѕид на границата со Србија


Мигранти во Унгарија.

Мигранти во Унгарија.

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и се дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, за да се спречи прилив на илегални мигранти.

Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на Будимпешта и се дава можност да отфрла барања на азиланти од Сирија, Авганистан или Ирак кои претходно минале низ некоја безбедна држава. ОН и Советот на Европа претходно го критикуваа предложениот закон, со оцена дека со него се ослабува заштитата на бегалците во Унгарија.

XS
SM
MD
LG