Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат разговорите со Иран за нуклеарната програма


Министрите за надворешни работи од шесте светски сили ги продолжија разговорите во Виена, еден ден пред самонаметнатиот рок за постигнување договор за нуклеарната програма на Иран. Шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и на Германија се обидуваат да ги затворат последните празнини во договорот, кој треба да ја ограничи нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на санкциите. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска изјави дека меѓу двете страни сè уште има „некои разлики“. Американскиот државен секретар Џон Кери вчера рече дека во разговорите има „вистински напредок“, но оти остануваат „неколку од најтешките прашања“. Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска рече дека „сеопфатен договор е на дофат“.

XS
SM
MD
LG