Достапни линкови

Грција не побарала помош од Русија


Дмитриј Песков.

Дмитриј Песков.

Ако Грција има потреба од финансиска помош треба да се обрати до Русија и да побара помош, но досега таква молба не е пристигната, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Запрашан дали Москва ќе и даде финансиска помош на Грција, тој наведе дека тоа прашање треба да биде адресирано до Атина.

Тој наведе и дека Кремљ ги почитува резултатите од референдумот во Грција и со големо внимание го следи развојот на ситуацијата. Песков додаде и дека Грција не е на дневен ред и на средбата на високо ниво на БРИКС, што се одржува неделава во Уфа.

XS
SM
MD
LG