Достапни линкови

Ирачки авион случајно бомбардирал област во Багдад


Ирачки воен авион случајно бомбардирал област во Багдад, при што загинале најмалку седум луѓе. Портпаролот на ирачката служба за безбедност изјави дека несреќата се должи на технички проблеми. Бомбата погодила три куќи во Багдад. Авионот се враќал од мисија за бомбардирање кога се случила несреќата. Ирачките сили се борат против милитантите на организацијата Исламската држава кои држат под контрола делови од западен и северо-западен Ирак.

XS
SM
MD
LG