Достапни линкови

Полицијата ги тргна барикадите во Ереван


Полицијата во Ерменија ги отстрани демонстрантите од главната улица во центарот на Ереван која со денови ја блокираа луѓето кои протестираа против поскапувањето на струјата. Две недели луѓето протестираа поради одлуката струјата да поскапи за 16 проценти од 1 август. Денеска полицијата ги тргна барикадите и ги тргна демонстрантите од главната улица, по што улицата беше отворена за сообраќај. Акцијата на полицијата уследи откако организаторите на протестот се заканија дека ќе ги преселат барикадите пред канцеларијата на претседателот Серж Саркасијан.

XS
SM
MD
LG