Достапни линкови

Папата ја почна турнејата низ Јужна Америка


Папата Франциско вчера допатува во Кито, главниот град на Еквадор, со што ја почна 8-дневната турнеја низ трите најсиромашни земји во Јужна Америка. Во рамките на турнејата тој ќе ги посети и Боливија и Парагвај, но не и неговата родна земја Аргентина.

Секој во општеството треба да има корист од напредокот во светот, рече папата на аеродромот во Кито. Според соопштението од Ватикан, патувањето на папата ќе биде фокусирано врз прашањето на сиромаштијата.

Предвидено е тој да одржи миси во Кито и Гвајакил, по што в среда ќе замине за Боливија, каде што се очекува да ги брани правата на домородното население.

Во Парагвај, последната станица, папата Франциско треба да се сретне со неколку групи општествени активисти.

XS
SM
MD
LG