Достапни линкови

Свикан вонреден самит на ЕУ за Грција


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на ЕУ посветен на Грција. Како што јавија грчките медиуми, официјален Берлин соопштил дека двајцата лидери се согласиле оти одлуката на грчкиот народ „мора да се почитува“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој синоќа по референдумот и телефонски разговарал со Оланд, претходно изјави дека грчкиот народ одговорил на вистинското прашање. Грција од утре ќе се врати на преговарачка маса, но овој пат со прашање за реконструкција на долгот. Нема лесни решенија, туку фер и остварливи решенија, доколку ги сакаат двете страни, изјави синоќа Ципрас.

Во меѓувреме, лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас по резултатите од референдумот поднесе оставка. Тој го повика заменик- претседателот на партијата и поранешен спикер на грчкиот Парламент Евангелос Мимаракис привремено да ја води партијата

XS
SM
MD
LG