Достапни линкови

logo-print

Грците рекоа „не“- конечни резултати


На вчерашниот референдум во Грција вкупно 61,31 процент од гласачите рекле „не“ за предложените услови за реформи од меѓународните кредитори на Грција, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествувале 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.

Грчките гласачи на вчерашниот референдум решаваа дали владата во Атина да го прифати или отфрли предлог договорот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на седницата на Еврогрупата од 25 јуни.

XS
SM
MD
LG