Достапни линкови

logo-print

Заев-За некои црвени линии нема отстапки


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави денеска дека преговорите за решавање на политичката криза ги водат сериозно, но ослободени од притисок. Според него, за некои црвени линии не може да има отстапки и аргументите се на нивна страна. Заев во рамки на младинскиот работен семинар на СДСМ во Охрид нагласи и дека нивните ставови за состојбите се потврдени во сите последните извештаи на Стејт Департментот, на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, на ОН. Тој порача и дека крајот на Груевски е дојден и прашање на модалитети е неговото заминување.

XS
SM
MD
LG