Достапни линкови

Загина работник во експлозија во фабрика во Црна Гора


Едно лице загинало, а неколку биле повредени во експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора. Според полицијата, инцидентот се случил во градот Мојковац во фабриката Тара без да соопшти дополнителни детали освен дека истрагата е во тек. Ова е трета експлозија во фабриката. Во двата претходни инциденти седум луѓе беа тешко повредени, при што истражителите открија дека не биле почитувани мерките за заштита при работа.

XS
SM
MD
LG