Достапни линкови

Вонредна состојба во Тунис


Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси

Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси

Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси денеска прогласи вонредна состојба во земјата по речиси една недела од нападот на вооружени лица во популарно туристичко место при кој загинаа 38 луѓе. Во телевизиско обраќање до нацијата тој изјави дека одлуката била донесена по разговорите со парламентарниот спикер и премиерот. Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Според Есебси, мерката била донесена поради исклучителната ситуација низ која поминува земјата по последниот терористички напад и постојаните закани. Триесет од жртвите беа британски државјани.

XS
SM
MD
LG