Достапни линкови

Богов-Не ни треба надворешна помош поради грчката криза


Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно.

Според него, домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции. Но, како што наведува Богов во изјава за Ројтерс, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ. Тој смета дека ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка.

XS
SM
MD
LG