Достапни линкови

Временска прогноза-Претпладне топло, попладне облачно


Времето во Македонија претпладне сончево, попладне со умерена локална облачност. Во крајните североисточни делови, можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

Од понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која во наредните денови ќе услови надпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде во среда и четврток кога на повеќе места температурата ќе надмине 36, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 40 степени.

XS
SM
MD
LG