Достапни линкови

Авганистан и натаму без министер за одбрана


Мохамед Масум Станекзаи

Мохамед Масум Станекзаи

Авганистанскиот парламент не гласаше позитивно и за вториот кандидат за министер за одбрана, кој беше номиниран од претседателот Ашраф Гани. На Мохамед Масум Станекзаи му биле потребни 107 гласови, но само 84 пратеници гласале „ за“. Гани и по девет месеци на функцијата не успева да го состави неговиот кабинет. Станекзаи, кој претходно работеше како шеф на Високиот совет за мир и беше одговрен за мировните преговори со талибанците во мај беше поставен за вршител на должност министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG