Достапни линкови

logo-print

Проруските бунтовници се повлекле од Мариупол


Проруските бунтовници се повлекле од борбената линија во близина на стратешкиот пристанишен град Мариупол. Портпаролот на украинската војска, Олександар Мортузјаник изјави дека сепаратистите се повлекле накај истокот, при што го оставиле селото Широкине целосно уништено. Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина соопшти дека сите позиции и бункери кои биле окупирани од проруските бунтовници во селото сега се слободни.

XS
SM
MD
LG