Достапни линкови

Туск-„Не“ од Грција нема да значи излез од еврозоната


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека евентуалното „не„ на референдумот во Грција, кој ќе се одржи утре ниту ќе ја затвори вратата на еврозоната за земјата, ниту ќе значи крај на преговорите. Според него, Европската унија треба да избегнува „драматични пораки“ доколку Грците гласаат со „не“.

Но, тој предупреди и дека негативен исход од референдумот за спасувачкиот план на доверителите на Грција „сигурно ќе го намали просторот за преговори за опстанок на финансискиот систем на земјата“.

XS
SM
MD
LG