Достапни линкови

Заев се сретна со американскиот конгресмен Елиот Енгел


Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево се сретна со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Енгел. На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД Џес Бејли.

Како што соопшти СДСМ, актуелната политичка криза во Македонија, мегуетничките односи и евро-атлантските перспективи беа главните теми на разговор.

Откако го соопшти своето видовување за состојбите, Заев изрази очекување дека многу скоро ќе се одржи лидерската средба, нагласувајќи дека е потребна сериозност и одговорност од сите страни кон интересите на граѓаните, а не кон лични и партиски цели.

Американскиот конгресмен Енџел и членовите на делегацијата се интересираа посебно за меѓуетничките односи во Македонија.

XS
SM
MD
LG