Достапни линкови

Конгресменот изрази надеж дека македонските лидери бргу ќе ја решат политичката криза, истакна оти го поддржува приемот на земјата во Европската унија и дека се надева на решение на спорот со Грција околу името.

Македонија има многу горливи прашања и се додека Владата е во криза, невозможно е нивно решавање. Ова го изјави американскиот конгресмен Елиот Енгел по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата во Скопје. Тој изразувајќи надеж дека македонските лидери бргу ќе ја решат политичката криза, истакна оти го поддржува приемот на земјата во Европската унија и дека се надева на решение на спорот со Грција околу името.

Единствениот коментар кој го имам за моменталната криза е дека се надевам оти лидерите ќе ја решат што е можно побргу. Земјата има многу горливи проблеми и се додека Владата е во криза речиси е невозможно да продолжи решавањето на овие важни прашања.

„Единствениот коментар кој го имам за моменталната криза е дека се надевам оти лидерите ќе ја решат што е можно побргу. Земјата има многу горливи проблеми и се додека Владата е во криза речиси е невозможно да продолжи решавањето на овие важни прашања. САД секогаш се смета себеси дека е пријател на оваа земја и ќе продолжиме тоа да бидеме.

Конгресменот Енгел изрази надеж дека спорот со Грција околу името може да биде решен со компромис на двете страни:

„Се надевам дека ситуацијата со името може да биде решена. За прв пат дојдов во Македонија во 1993 година и имав средба со господинот Глигоров. Разговаравме за името и мислевме дека проблемот ќе биде скоро решен. Тука сме повеќе години подоцна и проблемот со името не е решен. Се надевам дека со тешката криза во Грција, сите ќе сфатат дека има работи кои се поважни од името. Јас се надевам дека со компромис од двете страни проблемот со може да биде решен и треба да биде решен“, рече Енгел.

Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен – деблокирањето на евроинтеграциските процеси.

Додека конгресменот даваша изјава за медиумите пред зградата на Владата, луѓето кои протестираат против власта во кампот пред владината зграда, извикуваат „оставка“, „оставка“.

Тој претходно се сретна се лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, а по средбата со Груевски замина да разговара и со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тачи по средбата во Собранието на Македонија изјави дека нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе се одржи во деновите по викендот. Тој на новинарско прашање одговори и дека на средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името.

„Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен – деблокирањето на евроинтеграциските процеси. Мојот впечаток на средбата со грчкиот министер за надворешни работи е дека не се веќе радикални позициите на грчката влада и се надеваме дека во таа насока ќе работиме до крајот на годината“, рече Тачи.

На ваквите тврдења ВМРО-ДПМНЕ излезе со демант дека на лидерските средби се разговарало за предлог за решавање на спорот со името. „Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои што учествува ВМРО-ДПМНЕ, до сега немало никаков предлог за решавање на проблемот со името, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG