Достапни линкови

Енгел: САД ќе ја поддржуваат Македонија


САД од секогаш биле добри пријатели на оваа земја и ќе продолжиме со нашата поддршка, изјави американскиот конгресмен Елиот Енгел, по средбата во Скопје со премиерот Никола Груевски.

Енгел, кој е во посета на земјава придружуван од делегација од претставници на Албанско-американската заедница, изјави дека Македонија може да биде пример за соживот во мултиетничко општество. На новинарско прашање истакна дека е оптимист оти политичката криза во земјата наскоро ќе биде решена.

„Јас секогаш сум оптимист и обично тоа дава резултати. Немам совет за премиерот или за кој било друг, но се надевам дека оваа криза треба да биде разрешена што е можно поскоро, бидејќи колку повеќе се одолжува ќе биде потешко за справување со вистинските проблеми. Затоа се надевам дека тоа ќе биде направено што е можно поскоро“, вели Енгел.

Запрашан што мисли за спорот за името со оглед неодамнешната посета на Коѕиас и манифестираниот помек став на актуелната грчка Влада во однос на ова прашање, како и изјавата на Мендух Тачи дека на маса за време на разговорите за политичката криза се и решенија за името, Енгел со став дека овој спор може да се реши со компромис.

Американскиот конгресмен, кој е член и на Комитетот за надворешни работи во американскиот Конгрес, денеска порано се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а попладнево ќе има средба и со лидерот на СДСМ Зоран Заев

XS
SM
MD
LG