Достапни линкови

logo-print

Русија - Украина неспособна да се договори со сепаратистите


Русија соопшти дека неуспехот на Украина да се договори со сепаратистите за имплементација на мировниот договор е „алармантен“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва рече дека властите во Киев „рутински ја покажуваат својата неспособност да дојдат до договор“. Тој рече дека предложените измени во Уставот на Украина не исполнуваат „ниту едно барање“ од мировниот договор потпишан во Минск во февруари. Лавров го повика Западот да изврши притисок врз украинските власти да го почитуваат мировниот договор, велејќи дека тие го минираат договорот и одбиваат директно да преговараат со бунтовниците. Сепаратистите од источна Украина се жалат дека претседателот Петро Порошенко не ги консултирал за предложените уставни измени и најавија дека планираат да одржат локални избори во октомври, со што предизвикаа критики од Киев.

XS
SM
MD
LG