Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: На лидерските не се разговарало за името


ВМРО-ДПМНЕ денеска демантира дека на лидерските средби се разговарало за предлог за решавање на спорот со името.

„Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои што учествува ВМРО-ДПМНЕ, до сега немало никаков предлог за решавање на проблемот со името, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Тачи рече дека на средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името.

„Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен за деблокирањето на евроинтеграциските процеси. Мојот впечаток од средбата со министерот за надворешни работи на Грција е дека не се веќе радикални позициите на грчката влада и се надеваме дека во таа насока ќе работиме до крајот на годината, рече Тачи. На новинарско прашање тој потврди дека паралелно со лидерските средби се работи и на изнаоѓање решение за спорот со името.

XS
SM
MD
LG