Достапни линкови

Тачи: И името дел од разговорите


На средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името, потврди денеска првиот човек на ДПА Тачи по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел.

„Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен за деблокирањето на евроинтеграциските процеси. Мојот впечаток од средбата со министерот за надворешни работи на Грција е дека не се веќе радикални позициите на грчката влада и се надеваме дека во таа насока ќе работиме до крајот на годината, рече Тачи. На новинарско прашање тој потврди дека паралелно со лидерските средби се работи и на изнаоѓање решение за спорот со името.

Разговорите меѓу лидерите според него не се одолговлекуваат поради пакетот за името, туку поради други несуштински работи.

„Мислам дека следната недела ќе се заврши работи“, изјави Тачи.

Многу е рано, вели тој, да се каже дали на пролет ќе има референдум паралелно со изборите.

XS
SM
MD
LG