Достапни линкови

Тачи - Нова лидерска од понеделник


Нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе се одржи во деновите по викендот, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на Македонија. Претходно, по средбата со Енгел и лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека денеска нема да се одржи лидерска средба. Од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ во Скопје за МИА информираа дека таква активност на Бејли и Орав за денеска не е предвидена. Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни.

XS
SM
MD
LG