Достапни линкови

Јункер: Грција меѓу ослабена позиција и тешки преговори


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Гласањето со „не“ на референдумот во Грција в недела ќе ги ослабе позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“ тоа ќе значи - тешки преговори, изјави на прес конференција во Луксембург претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој ги ограничи коментарите за темата со таа единствена изјава.

Премиерот на Луксембург Ксавие Бетел рече дека разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас и му рекол дека сака луксембуршкото претседавање со ЕУ да се заснова на доверба.

„Референдумот е и за иднината на ЕУ, еврозоната и Европа. Референдумот ќе донесе последици бидејќи треба да ги прифатиме резултатите од него, коментира Бетел.

XS
SM
MD
LG