Достапни линкови

Формирана балканска мрежа за саморегулација во медиумите


Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти Советот за етика во медиумите на Македонија.

„Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка и размена на искуства со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во медиумите и етичкото новинарство во регионот“, се вели во соопштението.

Седиштето на мрежата ќе биде во Црна Гора, а за претседател е избран Ранко Вујовиќ, извршен секретар на Медиумскиот совет за саморегулација на Црна Гора.

XS
SM
MD
LG