Достапни линкови

Јемен - Борби и воздушни напади во Аден


Најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 80 се повредени во судирите и во воздушните напади во вториот по големина јеменски град Аден, соопштија воени извори. Воздушните напади кои ги спроведува коалиција предводена од Саудиска Арабија таргетирале позиции на припадниците на Хути во градот. Хути бунтовниците вчера презеле воена база во западен Аден, а борбите околу базата продолжуваат и денеска. Сведоци велат дека воздушни напади има и во провинциите кои граничат со Саудиска Арабија. Колицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушни напади во март, откако Хути зазедоа поголем дел од земјата, принудувајќи го претседателот да ја напушти државата. ОН соопштуваат дека оттогаш во Јемен се убиени повеќе од 3.000 луѓе, половина од нив цивили, а повеќе од 14 илјади се повредени.

XS
SM
MD
LG