Достапни линкови

Уште треба да се работи на договорот со Иран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано и иранскиот претседател Хасан Рохани

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано и иранскиот претседател Хасан Рохани

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано по посетата на Иран изјави дека двете страни подобро се разбираат во некои делови, но дека се уште треба да се работи. Тој вчера го посети Техеран на покана на Иран, за да разговара со тамошните власти за расчистување на едно од најгорливите прашање во процесот напреговорите меѓу Иран и шесте светски сили во Виена. Прашањето се однесува на застојот во истрагата на МААЕ во врска со обвинувањата дека пред 2003 година, а можеби и потоа, Иран спроведувал истражувања за развој на атомско оружје. Иран ги отфрла овие тврдења.

Амано и иранскиот претседател Хасан Рохани разговарале за тоа како да се забрза решавањето на отворените прашања.

XS
SM
MD
LG