Достапни линкови

Дополнителни турски војници на границата со Сирија


Курдски борци во Сирија

Курдски борци во Сирија

Турција распоредила дополнителна војска и опрема на делови од границата со Сирија во моментот на интензивирање на борбите околу градот Алепо, изјавија претставници на силите за безбедност.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу во меѓувреме изјави дека моментално нема планови за упад во Сирија.

Точно е дека презедовме превентивни мерки за да ја заштитиме нашата граница. Доколку се појават околности по должината на границата кои се закана за безбедноста на Турција, ќе биде издадена наредба за постапување, но никој не треба да очекува дека Турција ќе влезе во Сирија утре или во блиска иднина, истакна Давутоглу.

XS
SM
MD
LG