Достапни линкови

Убиен еден од лидерите на Исламската држава


Во воздушните напади на коалицијата бил убиен висок лидер на Исламската држава, познат како „емир на бомбашите- самоубијци“ поради регрутирањето странски борци за да изведуваат самоубиствени напади во Ирак и Сирија. Висок американски претставник вчера соопшти дека Тунижанецот Тарик ал Харзи и уште еден негов соработник биле убиени во напад од американско беспилотно летало во Сирија, додавајќи оти нема информации за цивилни жртви во операцијата.

Според портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис, Харзи бил убиен на 16 јуни во Шадади. Тој додаде дека Харзи бил одговорен за префрлување борци и оружје од Либија во Сирија, како и за помагање на движењето на странски борци преку сириско-ирачката граница.

XS
SM
MD
LG