Достапни линкови

Србија ќе добие помош за справување со мигрантите


Директорите на полицијата на Германија, Австрија и Унгарија постигнаа договор да и помогнат на Србија да се справи со бранот на илегални имигранти, што транзитираат преку нејзина територија на пат кон ЕУ, изјави директорот на српската полиција Милорад Велјковиќ.

По средбата во Белград Велјковиќ соопшти дека германски и австриски полицајци ќе ја контролираат македонско-српската граница со цел да ги одредат потребите од човечки ресурси и опрема, неопходни за запирање на бранот на имигранти.

Србија не е членка на ЕУ, но само годинава во земјата азил побарале над 34.000 имигранти.

XS
SM
MD
LG