Достапни линкови

Авганистан - рација во болница на „Доктори без граници“


Авганистански војници спровеле рација во болница која ја водат од организацијата „Доктори без граници“ во провинцијата Кундуз. Од организацијата велат дека болницата денеска е привремено затворена за нови пациенти, откако вооружени припадници на авганистанските специјални сили влегле и се однесувале насилно кон персоналот.

„Овој инцидент покажува сериозно непочитување на медицинската мисија, која е заштитена со меѓународното хуманитарно право“, соопштуваат од „Доктори без граници“.

Болница е единствената медицинска установа во регионот што може да се справи со поголеми медицински проблеми. Командантот на специјалните сили во Кундуз, изјави дека војниците биле во потрага по член на Ал-Каеда кој се лекувал во болницата. Но не се знае дали потрагата им била успешна.

XS
SM
MD
LG